Прволигашот Истатов е најактивен на трансфер пазарот откако денес претстави ново засилување за новата сезона во Првата женска фудбалска лига.
Станува збор за Ива Крстевска, 17-годишна фудбалерка која доаѓа од младинските категории на соседот ЖФК Скопје.
Крстевска ќе биде нова голманка, која треба да донесе сигурност на голот, се работи за талентирана голманка.
Крстевска доаѓа во тимот кој го води искусниот стратег Кирил Изов, а во неговиот стручен штаб ќе биде вклучена Магдалена Лекоска, репрезентативна голманка која стави крај на професионалната кариера поради повреда и започнува ново поглавје како тренер на голмани.