Турнири

Познати четири четвртфиналисти – АСП Пак моќен, Аце Најдески сигурен, драма на пенали во мајсторката!

Сподели
Сподели

Вистинска фудбалска вечер во Мешеишта! Втората рунда од осминафиналето на „Петровден 2025“ донесе драма, квалитетен фудбал и уште три екипи кои обезбедија место меѓу најдобрите осум. Турнирот влегува во завршница, а интересот е сè поголем – трибините повторно беа преполни.

  • Резултати – 1/8 финале (недела, 6 јули):

Кафе Бар 9 и Бел Мерцедес одиграа реми 1:1 во мајсторката, но по пенал-рулетот, Кафе Бар 9 беше посмирен и победи со 3:2. Аце Најдески со дисциплинирана и ефикасна игра го совлада Здружение на возачи Ресен со 3:1. АСП Пак продолжува со доминантни настапи – рутински триумф од 3:0 против силниот Гранит Х.

  • 1/8 финале (понеделник, 7 јули):
    21:00 | Хотел и Спа Инекс Олгица – Мексимо
    22:00 | Кафе Бар Коко – Вила Мина Ќе има се
  • Вторник, 8 јули – 1/8 финале:
    21:00 | Гостилница Кај Мече – Кафе Бар 9
    22:00 | Сатеска – Чардак Велгошти

Среда и четврток на програмата ќе бидат натпревари од четвртфиналето, за петок е закажано полуфиналето, а пак во сабота ќе биде големото финале.

Спортска Мрежа со целосна покриеност на натпреварите, резултатите и атмосферата од центарот на фудбалските возбудувања – Мешеишта!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!