Втора лигаФудбал

Беласица се засилува со Марио Наумоски и Анатолиј Петејчук

Сподели
Сподели

Беласица за новата сезона во Втората лига се засилува со двајца играчи, според информациите на Спортска Мрежа, Марио Наумоски и Анатолиј Петејчук ќе бидат нови играчи на струмичката фудбалска гордост, која и во новата сезона ќе ја води искусниот стратег Александар Стојанов на патот кон Првата лига.

Наумоски е 24-годишен фудбалер кој во Струмица доаѓа од редовите на Македонија ЃП, претходно, беше дел од Пелистер, Победа, Брегалница, Металург и Кожуф од Гевгелија. Тој ќе биде одлично засилување за Беласица и ќе претставува вистинско освежување.

Петејчук е 22-годишен фудбалер кој низ својата кариера помина низ екипите на Вардар и Победа на домашната сцена, а прилепчанецот во Струмица ќе носи и меѓународно искуство настапувајќи за екипи од Германија, како и хрватскиот тим Граничар од каде доаѓа во Струмица.

Претходно, Беласица го задржа Александар Коцев, играч кој е еден од најдобрите во лигата и ќе биде клучен во новата сезона во која Беласица ќе цели на местата кои водат кон Прва лига.

Во следниот период се очекуваат уште неколку засилувања во редовите на Беласица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!