Турнири

Сите патишта водат во Чифлик Маало – стартува четвртфиналето на „Благој Истатов 2025“!

Сподели
Сподели

По жестока и драматична групна фаза, а потоа и елиминациски мечеви исполнети со изненадувања и страст – време е за четвртфиналето на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов 2025“ во Струмица.

Натпреварите што следат ќе бидат вистински пресметки за фудбалски престиж, билет за полуфинале и нова шанса за влез во историјата на турнирот. Теренот е подготвен, фаворитите се под притисок, а публиката – повеќе од подготвена.

Четвртфинале – Недела, 6 јули

21:30 | ФК Дрвош – Украс ИНГ

Разиграниот ФК Дрвош, кој го елиминираше Фенербахче, ќе се соочи со стабилниот Украс ИНГ, кој зад себе има победа против Компанија Атанасовски. Очекуваме силен дуел со многу тактика и темпо.

22:30 | Гостилница кај Џек – Пица ресторан Дивино (Босилово)

Без дилема, дербито на вечерта. Две екипи кои играат атрактивен и ефикасен фудбал, со силни поединци и навивачка поддршка. Натпревар без право на грешка, каде ќе решаваат детали.

Четвртфинале – Понеделник, 7 јули

21:30 | Еклектик – Але Дар Премиум

Еклектик пристигна во четвртфиналето со стил – по убедливи 7:1 над Евро Тип, но против себе ќе го има незгодниот Але Дар Премиум, кој го елиминираше Агро Смарт и најавува нова сензација.

22:30 | Freight One – Хотел Истатов

Вистинско пеколно дерби за крајот на четвртфиналето. Freight One со доминантна игра во осминафиналето, но и Хотел Истатов беше сигурен со победа од 3:1 над Еклер Транс. Натпревар кој ветува фудбалско шоу и тензична завршница.

Сите натпревари се играат на спортскиот терен во Чифлик Маало, каде атмосферата станува сè погласна, а битката за полуфинале – пожестока.

Следете го турнирот ексклузивно на Спортска Мрежа, каде ќе најдете резултати, анализи, фотографии, видеа и многу повеќе – директно од терен!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!