Прва лигаФудбал

ФК Шкупи со ново засилување, Сухејл Мухарем се враќа дома!

Сподели
ФОТО: ФК Шкупи
Сподели

Фудбалскиот клуб Шкупи го официјализираше ангажманот на 23-годишниот офанзивен играч за врска, Сухејл Мухарем. Играчот кој своите први фудбалски чекори ги направи токму во младинските категории на чаирскиот клуб, се враќа таму каде што започна неговата професионална кариера.

Во изминатите години, Мухарем ги бранеше боите на неколку македонски прволигаши, меѓу кои Ренова, Работнички и Струга Трим Лум, додека последните шест месеци ги мина во косовскиот Фероникели.

“Добредојде таму каде што сè започна, Сухејл Мухарем. Овие бои ги носеше со гордост. Замина како еден од нас. Сега се враќаш — не само како фудбалер, туку како дел од семејството. Приказната продолжува… и ова поглавје ќе биде уште посилно. Еднаш Шкупи, засекогаш Шкупи”, стои во објавата на клубот на социјалните мрежи.

Шкупи активно работи на засилување на ростерот ова лето, со амбиција да состави конкурентен тим и да го подобри пласманот во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!