Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Машката одбојкарска репрезентација стартува со подготовки на 17 јули – цел: пласман на четврто Европско првенство по ред

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Селекторот на македонската сениорска машка одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски, направи мала корекција во календарот за подготовките во пресрет на квалификациите за Европското првенство 2026. Првиот собир на националниот тим ќе биде одржан на 17 јули (четврток) во Маврово, три дена порано од првично најавениот датум (20 јули).

По напорната кампања во Златната Европска лига, одбојкарите добија краток одмор, а потоа повторно ќе се обединат со јасна цел – пласман на четвртиот континентален собир по ред.

Првата фаза од подготовките ќе се одвива десет дена во Маврово, по што селекцијата ќе замине за Бугарија, каде во Софија ќе одигра два контролни натпревари против домашната репрезентација, на 29 и 30 јули.

Финалната фаза од подготовките ќе се реализира во Скопје, каде одбојкарите ќе ја темпираат формата пред почетокот на квалификациските натпревари. Како генерална проба, од 5 до 7 август, ќе учествуваат на 49-то издание на Меморијалниот турнир „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“, кој ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“. Покрај Македонија, учество ќе земат и селекциите на Бугарија и Швајцарија.

Квалификациите за ЕвроВолеј 2026 започнуваат на 13 август со гостување кај Грција во Атина, додека на 17 август, Македонија ќе биде домаќин на Грузија во Скопје, во последното коло од квалификацискиот циклус.

Амбициите се јасни – пласман на уште едно Европско првенство, што ќе биде четврто по ред во историјата на машката одбојкарска репрезентација.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со нов чекор: формирани У-13 и У-15 селекции, Миркуловски и Матлиески ќе бидат селектори

Ракометната федерација на Македонија продолжува со развојот на младинските категории, откако на...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со пораз од Хрватска ги заврши квалификациите за ЕП 2027

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Хрватска (53:91) го...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

(ФОТО) Емотивно збогување: Македонија им се заблагодари на Митрашиновиќ и Трајчевска

Кошаркарската федерација на Македонија на достоинствен и емотивен начин им оддаде почит...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!