Останато

Фит Фан Волеј дебитира на меѓународната сцена – пријавено учество во БВА Купот 2025

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Македонската женска клупска одбојка добива уште еден претставник на меѓународната сцена – екипата на Фит Фан Волеј ќе го направи своето прво интернационално појавување со учество во БВА Купот 2025, натпреварување во организација на Балканската одбојкарска асоцијација (БВА).

Минатата сезона беше историска за скопскиот клуб – „Фит Фан Волеј“ се пласираше во плејофот од домашното првенство, заврши на четвртото место и настапи на Ф4 турнирот во Купот на ОФМ 2025, поставувајќи темели за понатамошен напредок.

Со поглед кон иднината и со желба за нови предизвици, клубот реши да излезе на регионалната сцена, а БВА Купот ќе биде првата станица во оваа интернационална авантура. Досега, како македонски претставник во женската конкуренција се пријави само Фит Фан Волеј, а потврда за учество даде и ЖОК Борац од Босна и Херцеговина, кој ќе биде и домаќин на женскиот турнир.

Според правилата на БВА, потребен е минимум од четири екипи за реализација на натпреварувањето, кое треба да се одигра најдоцна до 12 октомври 2025 година. Победникот на турнирот ќе добие директна виза за учество во ЦЕВ Челинџ Купот, што му дава дополнителна тежина и атрактивност на натпреварувањето.

Ова ќе биде значаен исчекор не само за клубот, туку и за македонската женска одбојка, која сѐ повеќе добива интернационално внимание и настапи на пошироката европска сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
Останато

Одбојкарите на Борец со совладаа шампионот Струмица во меч со четири сета!

Голем триумф вечерва забележаа одбојкарите на Борец откако во салата „Гемиџии“ во...

Останато

Љафтов вицешампион, Ѓоргиев, Николов и Јосифов во битка за титули

Македонските одбојкарски интернационалци продолжуваат со одлични настапи ширум Европа, бележејќи значајни резултати...

Останато

Ланските финалисти ќе се соочат во полуфиналето, Наковски Волеј против Младост УГД во Купот

Бранителот на титулата Наковски Волеј ќе се соочи со Младост УГД во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!