Прва лигаФудбал

ФК Пелистер го трасира патот кон новата сезона – дефиниран буџет од еден милион евра и стратегија за стабилизација во Првата лига

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Новиот борд на директори на ФК Пелистер одржа седница на управниот одбор, со која раководеше извршниот директор Александар Стефановски, а на која беа донесени значајни одлуки поврзани со иднината на клубот и подготовките за натпреварувачката сезона 2025/26.

Во рамки на седницата е дефинирана распределбата на буџетот кој е проектиран на околу еден милион евра. Средствата ќе бидат наменети за целите на сениорската екипа, развојот на пионерско-младинската школа и покривање на преостанатиот дел од долговите. Финансиската конструкција ќе биде обезбедена од единствениот акционер – Општина Битола, спонзорски и маркетинг договори, ваучер-системот на Министерството за спорт, како и поддршка од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку програмата за младински фудбал.

Покрај тоа, клубот поставува јасна цел – целосна стабилизација на сениорскиот тим во Првата лига, како и квалитетна организација и стратегија во сите сегменти. Во завршна фаза е дефинирањето на стручниот и играчкиот кадар, како и подготовките за стартот на сезоната.

ФК Пелистер најави и активности околу реновирањето на стадионот „Петар Милошевски“ во координација со Општина Битола и ФФМ, како и посебни настани по повод 80-годишниот јубилеј од постоењето на клубот, кој ќе биде одбележан во текот на сезоната.

Клубот испраќа порака дека започнува нова ера на професионализам, стабилност и амбиција, со јасна визија за враќање на Пелистер на местото кое историски му припаѓа во македонскиот фудбал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Македонските навивачи го загреваат Глазгов – Кипре и Јована пристигнаа, се подготвува голем собир пред дуелот со Шкотска!

Глазгов полека се обојува во црвено-жолто пред утрешниот фудбалски натпревар меѓу Шкотска и Македонија, кој ќе се одигра на легендарниот „Хампден парк“, со...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!