Младиот и талентиран Никола Талески во новата сезона ќе има нов клуб, тој нема да продолжи во струмичкиот прволигаш Брера Струмица, за кој одигра осум натпревари во Првата лига и четири во Куп по неговото доаѓање во јануари 2025 година, а раздлбата доаѓа спогодбено.
Талески се задржа во пролетниот дел од претходната сезона во Брера Струмица и одигра одлични натпревари.
Низ својата кариера покрај за Брера Струмица, настапуваше за прилепска Победа, а беше дел и до Беласица, како позајмен играч.
Во дресот на Победа ги “решеташе” противничките мрежи и беше најдобар стелец за прилепчани со 10 гола.
Талески има настапувано за младинските категории на македонската репрезентација, а за него постои интерес од неколку екипи, па се очекува во следниот период Талески да ја бира најдобрата понуда за него каде би ја продолжил својата кариера.
Талески важи за одличен фудбалски талент, кој зад себе има одлични натпревари, затоа и очекувано е да постои поголем интерес за него.