Фудбалскиот терен во Големо Коњари полека го добива потребниот сјај и функционалност, во пресрет на новата сезона во Втората македонска лига. Клубот активно работи на подобрување на инфраструктурата, со цел новиот второлигаш – ФК Големо Коњари – да може да ги игра своите домашни натпревари на сопствен терен.
Во рамките на санацијата, веќе се поставени нови врати и прозорци на соблекувалните, а во тек е и целосно внатрешно уредување – нови подни и ѕидни плочки, како и други неопходни елементи, кои ќе овозможат исполнување на стандардите за натпревари во Втора лига.
Од клубот упатија искрена благодарност до компанијата „Изостако“ и нејзиниот сопственик Драган Најдоски, кои активно му помагаат на клубот во исполнување на амбициозната мисија – да се создадат услови за достоинствено претставување на домашен терен.
ФК Големо Коњари ги повикува сите заинтересирани компании и поддржувачи на спортот да се приклучат и да дадат свој придонес во развојот на клубот. Отворени сме за соработка, велат од клубот, а интересот веќе расте – неколку компании се веќе дел од оваа иницијатива.
Сите заинтересирани компании може да го контактираат претседателот на клубот, Тони Даноски за соработка на 070 646 218.