ИнтернационалциФудбал

Игор Алексовски го напушти Работнички и потпиша за албански Фљамуртари!

Сподели
ФОТО: Instagram/ FK Flamurtari
Сподели

Македонскиот голман и репрезентативец, Игор Алексовски, ќе има нова средина во сезоната што следи. По разделбата со Работнички, триесет годишникот ја прифати понудата на албанскиот клуб Фљамуртари и првпат во кариерата ќе настапува надвор од Македонија.

Алексовски беше дел од Работнички од 2022 година, а претходно бранеше и за Ренова, Шкупи, Вардар и Македонија ЃП. Сега ќе се обиде да остави белег и на албанската сцена, каде што го очекува нов предизвик и прво интернационално искуство.

Клубот од Дебар Маало официјално ја потврди разделбата со искусниот чувар на мрежата, кој зад себе има богато домашно прволигашко искуство и настапи во дресот на националниот тим.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно се прошета на гостувањето во Свети Николе каде го „збриша“ Овче...

Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ сигурен кон баражот за Втора лига, поранешен второлигаш оди кон испаѓање во Општинска лига!

По 15 кола во Трета лига – Север тимот на Еуромилк ГЛ кој во минатото беше дел од фудбалската елита е на добар...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!