Втора лигаФудбал

Осогово го промовираше искусниот Христијан Митревски, на голот се засили со Филип Лазаревски

Сподели
ФОТО: ГФК Осогово
Сподели

Второлигашот Осогово кој имаше среќа во ждрепката и успеа да остане во Втората лига и во следната сезона, ги претстави првите две летни засилувања за новата сезона.

Се работи за искусниот Христијан Митревски, кој доаѓа од редовите на новиот прволигаш Башкими. 28-годишниот фудбалер беше дел од Башкими во период од јануари 2024 до јуни 2025 година, претходно настапуваше за Каменица Саса, Охрид, Слога од Виница и за Кадино.

Се работи за искусен дефанзивец кој на Осогово ќе му донесе квалитет и освежување во редовите на тимот од Кочани, а дополнително и стабилност и сигурност во самата игра.

Осогово на голманската позиција се засили со Филип Лазаревски, кој доаѓа од редовите на Вардарски од Богданци, екипа која како последнопласирана испадна во Трета лига – Исток.

Лазаревски има 28 години, а во својата кариера го чуваше голот на Слога Виница, Кадино, Воска Спорт, Скопје, Работнички, Шкупи, Тетекс, Кораб, Илинден, Борец, Еуромилк ГЛ, Металург и Беласица.

Исто така, Осогово ја продолжи соработката со сите фудбалери кои го изнесоа најголемиот товар во претходната сезона.

Осогово минатата сезона заврши на 14-тото место, лошата есенска полусезона беше поправена со значително подобрена игра во пролетниот дел, по доаѓањето на Крсте Крстев на позицијата шеф на стручниот штаб, но во баражот Осогово загуби од Шкендија Арачиново со 2:1, а потоа преку ждрепката екипата на Осогово имаше среќа и остана во Втората лига.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!