Новиот прволигаш Кочани за следната сезона во Првата женска фудбалска лига го претстави своето прво засилување.
Се работи за 14 годишната Марија Велиновска, која 21 септември ќе наполни 15 години. Игра на позицијата од средниот ред на теренот о голем радиус во движењето, голема прегледност во играта и сигурна завршница.
Инаку, Велиновска е член на репрезентацијата на Македонија до 17 години.
Велиновска во ЖФК Кочани доаѓа од редовите на ЖФК Фудбал Старс од Кочани, а во следниот период ЖФК Кочани предводен од Оливер Јовановски ќе промовира засилувања со цел максимално подготвен и засилен да влезе во Првата женската фудбалска лига како повратник во елитата.