Прволигашот Каменица Саса се раздели со две фудбалерки, Стефанија Перканоска и Елма Шемсовиќ кариерите ги продолжуваа во нови средини.
22-годишната Перканоска кариерата ја продолжува во Атлетико од Битола, а претходно во својата кариера покрај за Саса настапуваше и за Цевитана од каде и ја започна својата кариера.
Прилепчанката во Македонска Каменица престојуваше од август 2024 до јуни 2025 година, а сега се „сели“ во Битола.
26-годишната Шемсовиќ кариерата ја продолжува во Истатов, а нејзиниот втор престој во тимот на Каменица Саса траеше само во пролетниот дел, претходно беше дел од Скопје, една сезона настапуваше и за Каменица Саса во нејзиниот прв престој во малото рударско гратче, а претходно долги години го носеше дресот на велешки Борец.