Турнири

15 гола за Топлина, Бел Мерцедес и Петровден во победнички ритам – спектакл продолжува во Мешеишта!

Сподели
Сподели

Турнирот „Петровден 2025“ во Мешеишта донесе уште една вечер исполнета со фудбалски возбудувања и нови пресврти во групната фаза. Вторникот донесе драма, голеади и висок триумф, а атмосферата на теренот и трибините останува беспрекорна – како што доликува на јубилејното 50-то издание.

Топлина буквално експлодираше на теренот со убедлива победа од 0:15 против Игор Бенд Бушиноски, постигнувајќи највисок резултат на турнирот досега. Бел Мерцедес ја доби битката со Виена Комерц со 6:2, освојувајќи значајни бодови во групата. Во дербито на вечерта, Петровден Мешеишта славеше во трилер завршница против Пекара Илинче со 4:3, на задоволство на домашната публика

Со овие резултати, турнирот добива сѐ поголема „тензија“, а секој следен натпревар може да биде клучен за пласман понатаму.

  • Распоред за среда, 25 јуни:

20:30 | Доел Ноче – Брумел
21:30 | Зурли и Тапани Вевчани – Аце Најдески
22:30 | Македонија – Гостилница Кај Мече

Три нови меча, три нови приказни. Фудбалската магија во Мешеишта продолжува и утре под рефлектори, со нови предизвици, голови и возбуда до самиот крај. Спортска Мрежа останува со вас и на лице место – со целосна медиумска покриеност на секоја минута од овој спортски спектакл!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Сулејман Алими е нов претседател на Шкендија Арачиново: Прволигашот отвора ново поглавје

Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново доби нов претседател. На седница одржана од раководните органи на клубот, за нов прв човек на клубот беше избран...

ФудбалФутсал

Вечерва ПРЕМИЕРА: Патот до двојната круна на КМФ Проект без ниту еден пораз

Вечерва ќе можете да го проследите новото издание од спортска емисија Спортска Мрежа во која гостуваат Иван Гавровски, претседател на КМФ Проект, Игор...

Поврзани написи
Турнири

Ресен подготвен за спектакл: Познати групите и распоредот за турнирот во мал фудбал „Ресен 2026“

Љубителите на малиот фудбал во Ресен и годинава ќе уживаат во возбудувањата...

Турнири

Атлетико пристига на Охрид Куп и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Атлетико од Битола е клуб кој работи во машкиот и...

Турнири

Огромен интерес за Црнилиште Куп 2026: Во тек е пријавувањето за еден од најголемите турнири во државата

Еден од најголемите и најатрактивни турнири во мал фудбал во Македонија, „Црнилиште...

ТурнириФудбал

Шпанскиот гигант Real Betis доаѓа во Македонија: Камп за млади фудбалери во Куманово

Куманово ова лето ќе стане дел од едно од најпрепознатливите фудбалски имиња...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!