Турнири

Отворени пријавите за турнирот во мал фудбал „Ораовица 2025“ – богат награден фонд!

Сподели
Сподели

Во насока на одбележување на големиот празник Илинден, и оваа година повторно ќе се одржи традиционалниот турнир во мал фудбал „Ораовица 2025“, кој веќе од 2016 година претставува вистински спортски спектакл во регионот.

Започна пријавувањето за екипите, а заинтересираните имаат рок до 14 јули да ја обезбедат својата учество со уплата на котизација од 4.000 денари.

Овој турнир привлекува големо внимание поради високиот награден фонд, кој оваа година изнесува вкупно 325.000 денари:

  • Прво место – 180.000 денари
  • Второ место – 85.000 денари
  • Трето место – 40.000 денари
  • Четврто место – 20.000 денари

Натпреварите ќе започнат на 15 јули, додека големото финале е закажано за 2 август, на самиот ден на Илинден.

Покрај сениорските екипи, годинава ќе има простор и за најмладите фудбалски надежи – отворени се категории и за пионери родени 2010–2013 и 2014–2018, што дополнително ќе го збогати турнирот со детска енергија и спортски дух.

Пријавувањето се врши на следните броеви:

  • 078 433 987
  • 071 250 418
  • 072 595 863

Голема новина оваа година е тоа што Спортска Мрежа ќе биде официјален медиумски покровител на турнирот, што значи дека љубителите на мал фудбал ќе може да очекуваат квалитетна покриеност, извештаи, резултати и видеа од натпреварите.

Турнирот се организира од страна на ФК Изведен, со поддршка од Општина Радовиш, која е генерален покровител на настанот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!