Ракомет

МРК Куманово ја продолжи на соработката со Крстаноски, а го договори Трифуновски

Сподели
ФОТО: МРК Куманово
Сподели

По објавата за новиот стручен штаб во кој Аце Станковски е назначен за нов тренер, а Љубиша Димковски за спортски директор, МРК Куманово продолжува со кроење на ростерот за новата натпреварувачка сезона.

Продолжена соработката со Христијан Крстаноски

Тимот од Куманово денес и официјално објави дека е постигнат договор за продолжување на соработката со ракометарот Христијан Крстаноски, кој ќе остане дел од кумановскиот колектив и во следната сезона. Договорот е потпишан на една плус една година.

Крстаноски, кој е роден во 2000 година и е висок 197 сантиметри, има богато искуство во домашниот ракомет – во кариерата настапуваше за РК Струга, РК Вардар Неготино, РК Металург РА и МРК Куманово, а бил и дел од кадетската репрезентација на Македонија (2018), како и од Б-селекцијата на сениорската репрезентација (2021).

„Ми претставува чест и задоволство што го продолжив договорот со МРК Куманово. Благодарен сум на управата, на играчите и на целокупната ракометна јавност во Куманово за поддршката и добрата соработка. Кога ја добив понудата да продолжам – немав дилеми. Ветувам добри настапи и се надевам на уште подобри резултати во новата сезона,“ изјави Крстаноски.

Виктор Трифуновски – ново засилување за бековските позиции

Кумановци денес го претставија и своето ново засилување – Виктор Трифуновски, кој ќе ја засили екипата на позициите лев и среден бек.

Трифуновски е висок 190 сантиметри и тежок 90 килограми, а во својата кариера помина низ сите младински категории на РК Вардар, потоа настапуваше за РК Аеродром и РК Борец Фруит Ленд, каде беше еден од најистакнатите стрелци во првата лига.

„Искрено, се чувствувам одлично и мотивирано откако потпишав за клуб како МРК Куманово. Со нетрпение ги очекувам подготовките, пријателските натпревари и секако, официјалниот почеток на шампионатот. Верувам дека заедно со тимот ќе ги исполниме сите цели кои ќе ги поставиме,“ изјави Трифуновски по потпишувањето на договорот.

Со вакви потези, МРК Куманово најавува амбициозна сезона во машката ракометна Суперлига, во која ќе се обиде да се позиционира повисоко на табелата и да го зацврсти статусот на стабилен суперлигаш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид го започнува европскиот пат: Австриски Келаг Ферлах доаѓа во Автокоманда

Ракометарите на Алкалоид се подготвени за нов европски предизвик, а првата пречка на патот во ЕХФ Европскиот Куп ќе биде австрискиот претставник Келаг...

Останато

Лина Ѓорческа елиминирана во првото коло на ВТА 125 турнирот во Лисабон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на ВТА 125 турнирот во португалскиот град Лисабон, откако во првото коло...

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид го започнува европскиот пат: Австриски Келаг Ферлах доаѓа во Автокоманда

Ракометарите на Алкалоид се подготвени за нов европски предизвик, а првата пречка...

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!