Турнири

Продолжуваат пријавите за 28-то издание на „Петровденскиот турнир“ во Конче

Сподели
Сподели

Продолжува пријавувањето за едно од најпрестижните спортски случувања во источниот дел на Македонија – „Петровденскиот турнир“ во мал фудбал, кој годинава ќе го одбележи своето 28-то издание.

Овој традиционален турнир, познат по натпреварите под рефлектори и привлечните дуели со врвни играчи, ќе се одржи во општина Конче, а стартот е закажан за 26 јуни, додека големото финале ќе се игра на 12 јули, по повод верскиот празник Петровден.
Пријавувањето на екипите е во тек и трае до четврток (26 јуни) до 20 часот.

Годинешната организација е доверена на ФК Серта – Конче, клуб кој одигра значајна улога во ревитализацијата на фудбалот во општината. Натпреварите ќе се играат по систем 5+1, со футсал топка, што придонесува за брз, технички и атрактивен фудбал.

  • Наградниот фонд изнесува вкупно 310.000 денари и ќе биде распределен вака:

Прво место – 180.000 денари

Второ место – 80.000 денари

Трето место – 40.000 денари

Четврто место – 10.000 денари

Покрај екипните награди, организаторите ќе доделат и индивидуални признанија – ваучери за најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар голман.

Со учество на врвни екипи и играчи од цела Македонија, меѓу кои и актуелни и поранешни членови на футсал репрезентацијата, „Петровденскиот турнир“ важи за едно од најсилните летни натпреварувања во мал фудбал кај нас.

  • Контакт за пријави и информации:

Ване (Грне): 076 487 532

Марјан (Чуши): 075 496 023

Исмет: 070 705 282

Џулијан: 070 426 042

Оваа година, Спортска Мрежа за првпат ќе биде медиумски покровител на турнирот, со целосна покриеност на настанот преку извештаи, видеа, анализи и посебна емисија посветена на турнирот.

Одржуван непрекинато од 1997 година, „Петровденскиот турнир“ не само што ја продолжува фудбалската традиција, туку станува симбол на враќањето на спортот во руралните средини. Општина Конче со ова повторно се поставува на фудбалската мапа на Македонија преку активирањето на ФК Серта.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!