Турнири

Нетто Маркети и Кафе Бар Лавадо без грешка, Мечо Транс во дербито дојде до максимален ефект

Сподели
Сподели

Со четири натпревари одиграни вечерва, започна третото коло од Меморијалниот турнир во мал фудбал во Лабуништа, посветен на Башким Салкоски, Шериф Сефиданоски и Беким Бајрамоски. Екипите со амбиции за нокаут-фаза одиграа на високо ниво, а гледачите уживаа во атрактивни мечеви исполнети со голови, пресврти и голема борба.

Вечерта започна со ефикасен натпревар меѓу Идеал Рент а Кар и Рики СРЛ, кој заврши со победа на Идеал од 6:4. Двете екипи влегоа отворено, но искуството и рутината на Идеал беа пресудни во клучните моменти.

Во вториот натпревар, Кафе Бар Лавадо уште еднаш потврди дека е меѓу најсилните состави на турнирот. Со резултат од 6:2 ја совлада екипата на ХТМ Про Вин и го потврди првото место во својата група со три победи од три натпревари.

Третиот меч беше најофанзивниот за вечерта. Нетто Маркети, кои веќе имаа две високи победи, го добија дербито против Деко Лукс и Ресторан Лабуништа со 8:2, со што завршија совршено во групната фаза со вкупно 31 постигнат гол за три кола – импресивна бројка.

Последниот дуел беше и најизрамнет. Во вистинско дерби, Мечо Транс со минимални 1:0 го совлада тимот на Самир Муртезоски и со тоа ја комплетираше групната фаза со три победи од три натпревари, без примен гол. Одбраната беше клучна, а стрпливиот пристап им донесе победа и врв на табелата.

  • Турнирот влегува во завршна фаза – се профилираат осминафиналните двојки

По овие натпревари, некои екипи веќе си го обезбедија местото во елиминационата фаза, додека другите ќе мора да го чекаат исходот од утрешните и понеделничките дуели за конечна слика.

Вечерва салата беше исполнета до последното седиште, немаше место каде да ја собери публиката, поголем дел од истата мораше со стоење да ги следи атрактивните натпревари. Ова е потврда дека Меморијаниот турнир во Лабуништа е вистински празник и сите љубители на малиот фудбал со нетрпение ги очекуваат натпревари.

  • Награден фонд:

Првопласирана екипа: 2.000 евра

Второпласирана екипа: 700 евра

Третопласирана екипа:  300 евра

Спортска Мрежа како медиумски покровител продолжува ексклузивно да известува од Лабуништа – со резултати, табели, извештаи и фотографија од секоја вечер. Следете нè и понатаму – македонскиот спорт на едно место!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!