Македонскиот шампион Шкендија од Тетово доживеа висок пораз од 4:0 на пријателскиот меч со Копер во Словенија.
Суле погоди во 18. минута за 1:0, а во вториот дел Копер постигна уште три гол во мрежата на тимот од Тетово. Сидибе постигна гол во 48. минута за двојна предност, а веќе во 51. минута Монсери постигна гол за 3:0.
Десет минути подоцна Копер преку Јуриќ дојде до конечните 4:0 за убедлив триумф над македонскиот шампион.
Претходно, Шкендија со 1:0 славеше над Аргес од Романија.