Македонските претставници во Конференциската лига на УЕФА, Работнички и Силекс одиграа втор меѓусебен пријателски натпревар кој заврши без победник (1:1).
Силекс дојде прв до водство, додека пак Работнички израмни преку Кристоџеј Далеј со гол од белата точка.
Претходно, овие две екипи се соочија во Кратово, во меч кој заврши без погодоци, а денес мечот се одигра на Алумина.


