Кошарка

Кошаркарската елита на Македонија ќе се скрати на десет екипи, влез ќе има за еден второлигаш!

Сподели
Сподели

Првата кошаркарска лига на Македонија во машка конкуренција од сезона 2026/2027 ќе брои десет екипи, тоа значи дека истата ќе биде скратена за две екипи, а следната сезона 2025/2026 ќе биде последно издание со 12 екипи.

Поради кратењето на лигат од сезона 2025/2026 ќе испаднат три екипи од Првата лига, а една екипа од Втората лига да обезбеди промовија во Првата лига.

Пред одржување на државниот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур 2026“ да се одржи состанок со прволигашите да се разговара за понатамошно намалување на осум екипи.

Дополнително како што информираат од кошаркарската федерација, за натпреварувачка сезона 2025/2026 во текот на целиот натпревар на терен да бидат присутни двајца домашни играчи. Правилото ќе важи од почетокот на натпреварувачката сезона.

Дополнително за дваесетина дена е најавен нов состанок на кој ќе се разгледува опцијата за формирање на лига во која ќе играат играчи од 20 – 23 години.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: „Лисиците“ убедливи на патот кон Втора лига, три бода за Куманово, нов пораз за Кадино

Лидерот Еуромилк ГЛ забележа уште една убедлива победа, откако овој пат со 1:4 славеше над Фортуна како формален гости на својот терен, во...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Реми на Ударник и Победа Валандово пред повеќе од 1000 гледачи во Пирава, Овче Поле до цел „плен“

Без победник заврши големото дерби на Југот во рамки на 13. коло од Трета лига – Исток, откако Ударник и лидерот Победа Валандово...

Поврзани написи
Кошарка

Маџари убедлив против Кожув, Куманово со силна завршница го совлада Гостивар

Кошаркарите на Маџари и МКК Куманово остварија важни победи во новото коло,...

Кошарка

Чаир го совлада Работнички во драматична завршница, продолжи кризата на „црвено-белите“

Кошаркарите на Чаир 2030 остварија значајна победа над Работнички со 75:73 во...

КошаркаКошаркарска репрезентација

Прв тренинг на кошаркарките за мартовскиот ФИБА „прозорец“

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги започна мини подготовките во Скопје...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!