Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Некст Левел од Охрид се засили со искусната Драгана Гегова

Сподели
ФОТО: ЖФК Некст Левел
Сподели

Новиот второлигаш Некст Левел од Охрид за новата сезона во Втората женска фудбалска лига се засили со искусната Драгана Гегова, која доаѓа од градскиот ривал Билјанини Изори.

24-годишната Гегова ќе го подигне квалитетот во тимот на Некст Левел, кој за првпат ќе се натпреварува во сениорска конкуренција, се работи за клуб кој е основа пред нешто колку еден месец. Гегова има искуство кое ќе треба да го пренесе во новиот тим и на младите фудбалерки, а тимот засега нема да оди со високи амбиции, освен да биде што повисоко на табелата.

Низ својата кариера Гегова покрај за Билјанини Извори од Охрид има настапувано и за Скопје, Шкендија од Тетово, Вардар, Истатов, Борец, Тиверија Брера од Струмица од каде и ја започна својата успешна професионална кариера.

Гегова и репрезентативно искуство настапувајќи за младинските репрезентации на Македонија до 17 и 19 години, како и за А репрезентацијата на Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

Трета лигаФудбал

Речица не допатува – кичевски Напредок добива службени три бода

Воведниот меч од 13. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!