Ракомет

ЖРК Металург Автокоманда со ново засилување во стручниот штаб – Мери Арсениевска ќе ги предводи младите категории

Сподели
ФОТО: ЖРК Металург Автокоманда
Сподели

Женскиот ракометен клуб Металург Автокоманда од Скопје продолжува да вложува во иднината и развојот на младите генерации. Денес од клубот со особено задоволство информираа за ново засилување во стручниот штаб – Мери Арсениевска од денеска и официјално станува дел од тимот, преземајќи ја улогата на тренер во пионерската и младинската категорија.

Со своето богато знаење, искуство и огромна посветеност, Арсениевска ќе има клучна улога во формирањето и развојот на идните ракометарки на клубот. Нејзиното доаѓање се гледа како стратешки чекор, со цел подигнување на нивото на работа со млади спортисти и создавање на континуитет во производството на домашен играчки кадар.

Оваа соработка истовремено го означува и официјалниот старт на ЖРК Металург Автокоманда во натпреварувањата на пионерска и младинска конкуренција, што претставува значаен момент во развојната политика на клубот. Вклучувањето во младинските лиги е чекор напред во амбициозната визија на клубот да гради силен и стабилен колектив од сопствени сили.

Со овој потег, Металург Автокоманда јасно покажува дека не само што гледа кон сегашноста, туку активно гради основа за светла иднина. Очекувањата се големи, а ангажманот на Мери Арсениевска се смета за одличен потег во тој правец.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

Ракомет

Прилеп со силен финиш го „скрши“ Куманово, Цветаноски блесна со осум гола

Ракометарите на Прилеп стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата,...

Ракомет

Пилиповиќ: „Покажавме карактер и се вративме по тежок почеток“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!