Пред полни трибини и одлична атмосфера, започна златното издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта. Турнирот што слави 50 години спортска традиција стартуваше со три возбудливи дуели во кои екипите покажаа дека битката за дел од рекордниот наградeн фонд од 500.000 денари ќе биде жестока.
- Еве ги резултатите од првата вечер:
Сатеска ја совлада екипата на Ночелино со 4:1
Гранит Х доминираше против Компани Стојкоски, победувајќи убедливо со 7:1
Во последниот меч, Чардак Велгошти беше подобар од Ескобар Волино со резултат 1:5
Три различни натпревари, но една заедничка нишка – висока ефикасност, борбеност и одличен прием од публиката, која уште еднаш покажа зошто Мешеишта е синоним за фудбал во јуни.
Турнирот продолжува вечерва со три нови натпревари, а како и секоја година, „Спортска Мрежа“ е медиумски покровител и ќе ги следи сите случувања од теренот – резултати, фото и видео извештаи, коментари и атмосфера од трибините.
Ова е само почеток – фудбалскиот јуни во Мешеишта ветува незаборавни вечери!