Ракомет

Иван Чупиќ во петок ќе биде промовиран за нов тренер на Вардар

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа
Сподели

Најтрофејниот македонски ракометен клуб, Вардар, во петок ќе го претстави новиот тренер кој ќе го води тимот во новата сезона.

Се работи за поранешниот ракометар на „црвено-црните“ Иван Чупиќ, хрватот се враќа на местото каде направи големи резултати со Вардар кој двапати ја освои Европа, со две титули во Лигата на шампионите.

Чупиќ сега како прв тренер ќе го води Вардар, а кој ќе биде наследник на аргентинскиот стратег Гиљермо Милано кој е веќе минато на клупата на Вардар.

Како што веќе информиравме, Марио Келентриќ беше претставен како нов тренер на голманите. На прес-конференцијата која е закажана за во петок ќе биде познато кои ќе бидат новите членови во стручниот штаб, но и како што се зборува за некои промени во самата управа, па останува да причекаме и да видиме што ќе донесе петок за РК Вардар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!