Останато

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски поразен, иако поведе во мечот со Кузманов

Сподели
Сподели

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 50 турнирот во Ројан, Франција откако во мечот од второто коло загуби од петтиот носител Димитар Кузманов од Бугарија со 2-1 во сетови (46 63 63) за 2 часа и 25 минути игра.

Ивановски имаше одличен почеток на мечот со брејк во првиот гем, а потоа во седмиот гем уште еднаш го одзема сервисот на противникот за водство од 5:2 во гемови.

Противникот сепак успеа да намали на 5:4 со еден брејк, но Ивановски сетот го заврпи со 6.4 и водство од 1-0. Сепак поискусниот ривал (31.година) во следниот сет делуваше посигурно и на почетокот на сетот во вториот гем направи брејк и брзо стигна до предност од 3:0, која ја задржа до крајот на сетот за 6:3 во гемови и 1-1 во сетови.

Во решавачкиот сет Кузманов повторно на стартот направи брејк за водство од 1:0, а во продолжението не дозволи Ивановски да има брејк шанса и сетот го заврши со 6:3 во гемови што значеше победа од 2-1 во сетови.

Ивановски за настапот во второто коло на овој Челинџер ќе освои 4 поени, а следнадата недела го очекува на настап на ИТФ фјучрс турнир во Загреб.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина...

Останато

Европскиот шампион Петар Мијалков од Македонија ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана...

Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција,...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!