Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Пауновиќ: Градиме систем кој ќе трае, екипата е млада, но исклучително талентирана и покажа дека има срце и визија

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската сениорска репрезентација на Македонија изминатиот викенд го заврши вториот настап во ЦЕВ Европската Сребрена лига 2025. По комплетирањето на турнирската фаза македонските одбојкарки имаат две победи и четири порази и се на седмата позиција, со ист број на бодови како и шестопласираниот Исланд.

Ваквата позиција на табелата е сериозен чекор напред на женскиот национален тим, но уште поголемо задоволство носи и фактот дека селекцијата која ја предводи селекторот Стефан Пауновиќ по тригодишна работа почнува да дава резултати. По скоро два месеци напорна работа и девојките и стручниот штаб се на заслужен одмор, а откако емоциите се смирија и се сумираа впечатоците, стигнува и анализата.

„Задоволен сум од начинот на кој репрезентацијата одговори на предизвиците во овој циклус. Во Сребрената лига остваривме две важни победи и одигравме два исклучително квалитетни натпревари против Израел и Грузија во кои покажавме борбеност, карактер и тактичка зрелост. Навистина сум горд на екипата за онаа победа над Луксембург со која испишавме историски резултат – прва официјална победа по 17 години на женската сениорска репрезентација. Тоа е повеќе од спортски успех, тоа е симбол дека работите се менуваат и дека нашата работа има подлабока смисла. Градиме систем кој ќе трае. Од 2022 година работиме темелно на поставување на идентитетот на оваа екипа, играта и културата. Екипата е млада, но исклучително талентирана и покажа дека има срце и визија. Овој циклус е доказ дека репрезентацијата е на вистинскиот пат“, вели селекторот Пауновиќ и додава:

„Посебно сакам да истакнам дека видлив е менталниот напредок кај девојките, кои и во поразите останаа фокусирани и веруваа една на друга. Сметам дека имаме вистински темели за она што не очекува во иднина. Сега останува малку да здивнеме пред повторно да се собереме во пресрет на евро-квалификациските дуели со Австрија и Грција.“

Сениорките имаат пауза до 20 јули за кога е закажан собирот на репрезентацијата во Маврово, кога ќе стартуваат подготовките за квалификациските дуели со Австрија и Грција за ЕП 2026.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија У15 со гол во финишот до триумф над Турција

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години забележа значајна победа од 3:2 против...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Задоволен сум од залагањето и дисциплината на оваа генерација

Репрезентацијата на Македонија до 18 години во изминативе неколку дена престојуваше на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 18 години славеше со победа на втората контролна средба против Црна Гора

Денес во Струмица се одигра вториот контролен натпревар помеѓу младите селекции на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!