Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: „Ултрас Кидс“ од Струга – фудбалско семејство кое создава шампиони од мали нозе

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа, забрането превземање!
Сподели

Фудбалската школа „Ултрас Кидс“ од Струга, иако постои само неколку години, веќе остави сериозен белег на детската фудбалска сцена во Македонија. Основана со почетокот на изградбата на спортскиот објект „Балон Ултрас“, оваа школа претставува симбол на посветеност, визија и љубов кон фудбалот и децата.

Идејата за создавање на школа се родила како резултат на ентузијазмот на Петар Џигероски – сегашен координатор на младинската школа при ФК Струга, и Марјан Ќушкоски – сопственик на објектот. Денес, „Ултрас Кидс“ брои над 120 деца, од различни возрасти и националности, поделени по генерации од 2014 до 2019 година.

  • Тренерскиот кадар е стабилен и посветен:

Петар Џигероски – раководител на школата и координатор на младинската школа на ФК Струга.

Танас Калајџиески – активен од 2021 година, го води тимот од генерација 2016.

Фламур Таири – дел од тимот од 2023 година, предводи неколку категории.

Тренинзите се одвиваат во затворениот современ објект „Балон Ултрас“ – место кое нуди извонредни услови за развој на деца до 10/11 години. Школата е формално регистрирана во 2022 година, а од тогаш редовно учествува на домашни и меѓународни турнири, со бројни признанија и пехари како доказ за квалитетот на работата.

  • Најзначајни успеси:

Освоен „Фер Плеј Куп 2025“

3. место на „Некст Левел Куп 2025“

Полуфинале во завршница на детска лига 2024

Полуфинале на „Чин Чин Куп“ – Златибор 2015

Два пати учество на: „Ас Јунајтед Куп“ – Струга, „Фер Плеј Куп“ и „Некст Левел Куп“

Учество на „Балкан Брадерс Чилдрен Куп“

Две сезони настап во Детска лига – Југозападен регион

Особено се истакнува генерацијата 2016, под водство на Танас Калајџиески – кого во школата со почит го нарекуваат „Струшкиот Ханси Флик“, заради неговите неверојатни 9 од 9 финалиња со оваа генерација. Ретки се школите кои за толку кратко време постигнале толкави резултати на национално и регионално ниво.

  • Планови за иднина:

Во „Ултрас Кидс“ се размислува и за следниот чекор во развојот на младите фудбалери. Децата кои ги надминуваат возрасните граници на школата, преминуваат под „чадорот“ на ФК Струга, во рамки на младинските категории кои настапуваат во Суперлигата на ФФМ. Притоа, и тренерите од „Ултрас Кидс“ се вклучени во континуитет во тие структури, што создава идеален систем за развој на фудбалери од најмала до сениорска возраст.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Мега засилување на голот на шампионот: Проект се засили со Иван Стојановски – Шваба

Македонскиот футсал шампион Проект за новата сезона се засили со голманот на македонската репрезентација, искусниот Иван Стојановски – Шваба. 35-годишниот Стојановски во тимот...

Останато

ВИДЕО: Team Carvalho Macedonia организираше стручен семинар во Радовиш со Наде Ристов: Ново знаење и искуство за младите спортисти

Во спортската сала на клубот за бразилско џиу-џицу Team Carvalho Macedonia од Радовиш под водство на Методија Зајков денес се одржа стручен семинар,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мега засилување на голот на шампионот: Проект се засили со Иван Стојановски – Шваба

Македонскиот футсал шампион Проект за новата сезона се засили со голманот на...

ФудбалФутсал

ФОТО: Шампионот Проект ја започна втората фаза од подготовките

Македонскиот футсал шампион Проект ја започна втората фаза од подготовките, која се...

Втора лигаФудбал

Спиркоски се врати во Битола – Пелистер доби големо засилување пред стартот на сезоната

Второлигашот Пелистер продолжува интензивно да го комплетира играчкиот кадар за новата сезона,...

Втора лигаФудбал

Беласица подобра од Кожуф на пријателски натпревар

Второлигашите Кожуф и Беласица одиграа пријателски натпревар каде струмичани беа подобри со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!