Романтичарите од Дебар Маало продолжуваат со нови засилувања, градење тим составен од најперспективните домашни фудбалери. Најнови имиња во тимот се тинејџерите Лорент Жаку и Дитмир Хоџа, кои денеска потпишаа тригодишни професионални договори и официјално беа претставени како нови првотимци на Работнички.
Работнички успеа да ги ангажира Жаку и Хоџа и покрај големиот интерес од повеќе македонски прволигаши, меѓу кои најзасилен интерес покажаа Струга Трим Лум и Шкендија.
Лорент Жаку игра како играч за врска, додека пак Дитмир Хоџа игра во нападот. Двајцата се актуелни младински репрезентативци на Македонија и важат за голем потенцијал во домашниот фудбал.