Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе го суди дербито меѓу Шкендија и Вардар, Грујоски ја доби скопската пресметка!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

В недела со почеток од 14 часот ќе се одиграат натпреварите од осмото коло на Првата македонска фудбалска лига.

Делегирани се и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на сите шест натпревари.

Игор Стојчевски ќе им суди на Тиквеш и Силекс, меч кој ќе се одигра во Кичево откако беше суспендиран теренот во Кавадарци, Стојанче Трпчевски ќе ја дели правдата на мега дербито меѓу Шкендија и Вардар во Тетово, Марјан младеновски ќе им суди на Струга Трим Лум и Гостивар.

Фуркан Идризи ќе им суди на Беса и Воска Спорт, Александар Грујоски ќе им суди на Работнички и Шкупи, а пак Влатко Илиоски ќе им суди на Брера Струмица и Пелистер.

  • ДЕЛЕГИРАН СУДИИ 8. КОЛО ПРВА ЛИГА:

Тиквеш – Силекс, Игор Стојчевски (Скопје)
Шкендија – Вардар, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Струга Трим Лум – Гостивар, Марјан Младеновски (Скопје)
Беса – Воска Спорт, Фуркан Идризи (Тетово)
Работнички – Шкупи, Александар Грујоски (Кичево)
Брера Струмица – Пелистер, Влатко Илиоски (Прилеп)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!