Втора лигаФудбал

Пројковска ќе им суди на Кожуф и Детонит, Тефику главен во Автокоманда, Дејановски патува во Кочани!

Сподели
Сподели

Во сабота ќе се одиграат натпреварите од шестото коло на Втората македонска фудбалска лига, а веќе се познат и судиите кои ќе ја делат правдата на сите осум второлигашки мечеви, кои ќе стартуваат во 14 часот.

Владимир Ѓорѓиевски ќе им суди на Вардар Неготино и Башкими, меч кој наместо во Неготино ќе се одигра на СЦ „Пандев“ во Струмица, бидејќи теренот во Неготино е суспендиран.

Александар Василевски ќе им суди на Победа и Охрид, Спире Арсов ќе им суди на Новаци и Беласица, а пак Дени Лековски ќе ја дели правдата на мечот Каменица Саса и Арсими.

Игор Иванов ќе им суди на Вардарски и Македонија ЃП, Марјан Дејановски ќе ја дели правдата на мечот во Кочани каде ќе се соочат Осогово со БОрец.

На „Железарница“ во Автокоманда каде ќе играат Скопје со Брегалница, правдата ќе ја дели Ндерим Тефику, а пак во Гевгелија дуелот меѓу Кожуф и Детонит Плачковица ќе го суди Ивана Пројковска.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 6. КОЛО ВТОРА ЛИГА:

Вардар Неготино – Башкими, Владимир Ѓорѓиевски (Битола)
Победа – Охрид, Александар Василевски (Скопје)
Новаци – Беласица, Спире Арсов (Кочани)
Каменица Саса – Арсими, Дени Лековски (Битола)
Вардарски – Македонија ЃП, Игор Иванов (Велес)
Осогово – Борец, Марјан Дејановски (Кичево)
Скопје – Брегалница, Ндерим Тефику (Куманово)
Кожуф – Детонит Плачковица, Ивана Пројковска (Скопје)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!