Македонскиот фудбалски репрезентативец Андреј Стојчевски и официјално ќе продолжи да настапува за чешкиот прволигаш Словачко. Клубот ја активираше опцијата за откуп и го финализираше трансферот од словачкиот тим Жилина.
Стојчевски пристигна во Словачко во Jануари како позајмен играч на шест месеци, а со одличните партии успеа да ја убеди управата да му понуди долгорочен договор. Стојчевски потпиша со клубот дека ќе остане до 2028година.
Во изминатата полусезона забележа 13 настапи за Словачко, а претходно ги носеше дресовите на Жилина, Брера и Вардар. Останувањето во чешкиот шампионат претставува важен чекор напред во неговата интернационална кариера.