Екипата на Шкендија Арачиново која се избори за влез во Втората македонска фудбалска лига за новата сезона се засили на голманската позиција со 20-гоишниот Баки Алиу.
Второлигашот од Арачиново и Алиу се договорија за соработка од една година, а тој во таборот на Шкендија доаѓа од редовите на поранешниот прволигаш Гостивар.
„Со искуство, брзи рефлекси и смиреност на голот, Бакиу ќе биде важен столб за нашиот тим во новата сезона“, велат од Шкендија Арачиново.
Алиу во Македонија има настапувано и во Њу Старс и Башкими, а имаше настапи и во Германија.