Ракомет

Александра Коловска верна на Металург Автокоманда – продолжена соработката

Сподели
ФОТО: ЖРК Металург Автокоманда
Сподели

ЖРК Металург Автокоманда продолжува со креирање на ростерот за новата сезона, со продолжување на соработката и промоција на нови ракометарки.

Тимот на Металург Автокоманда ја продолжи соработката со Александра Коловска, откако двете страни се договорија за соработка и за следната сезона.

Тимот на Јулијана Дамчевска на пивотменска позиција ја задржа искусната македонска репрезентативка, која ќе го носи „плавиот“ дрес, а која е голем борец на теренот и од огромно значење за екипата.

Претходно, како што веќе информираше Спортска Мрежа, ЖРК Металург Автокоманда ги промовираше Петра Јершек, Анастасија Николовска, Ива Божиновска, Сара Ристовска, Ана Марија Коларовска, а пак ја продолжи соработката со Марија Гугуљанова, Марија Јанкуловска, Софија Гошевска, Јана Ѓошевска и Мина Ѓурчевска.

Тимот на Металург Автокоманда сезоната во Суперлигата ја заврши на второто место.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Три победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново, која денеска ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија против...

Поврзани написи
Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но...

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!