Турнири

Пекара Александар го освои „Ресен 2025“ откако преку пенали славеше над АСП Пак!

Сподели
Сподели

Екипата на Пекара Александар е освојувач на овогодинешното издание на Меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2025“ откако во големото финале преку пенал-рулетот славеше над АСП Пак.

Во регуларниот дел од финалниот меч победник немаше, двете екипи ремизираа откако одиграа 1:1, а во пенал серијата подобра беше екипата на Пекара Александар, откако триумфираше со 4:2.

Финалниот меч беше доста аткративен и неизвесен, а тоа понуди големи уживање во преполната сала во Ресен.

Во мечот за трето место екипата на Центар Бела Црква Прилеп со 4:3 триумфираше над Хризантема и така го освои третото место, а меч кој беше атрактивен за публиката која виде дури седум погодоци.

Успешно заврши овогодинешното издание на „Ресне 2025“, многу погодоци, задоволни екипи, фер-плеј, дружба, уживање на публиката која секоја вечер ја полнеше салата и навиваше.

Спортска Мрежа медиумски го поддршка овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!