Ракомет

ГРК Охрид со ново засилување меѓу стативите – Бојан Блажески потпиша двегодишен договор!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Македонскиот ракометен прволигаш Охрид продолжува со формирањето конкурентен состав за новата сезона и го официјализираше трансферот на искусниот голман Бојан Блажески.

28-годишниот Блажески стави потпис на договор со „гладијаторите“ во траење од најмалку две години и ќе биде дел од македонското трио на голманската позиција, кое веќе се создава во таборот на охриѓани.

Блажески доаѓа од екипата на Бутел Скопје, каде што настапуваше цели осум сезони и стекна значајно европско искуство, со три учества во натпреварите од Европските купови. Исто така, во својата кариера беше дел и од кадетската и младинската репрезентација на Македонија.

Во новиот клуб, Блажески ќе го носи дресот со број 30 и ќе има важна улога во амбициозниот проект на ГРК Охрид за претстојната натпреварувачка сезона, a во која Охрид обезбеди излез во Европа, откако сезоната ја заврши на четвртото место во плеј-офот.

Клубот ја продолжува изградбата на квалитетен ростер, со цел да биде уште поконкурентен на домашната и меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!