Екипата на Еурофарм Пелистер со триумфот во последното коло над Вардар ја освои деветтата титула во клупската историја или трета во низа за прв хет-трик.
Низ својата историја битолчани првата титула ја освоија во далечната 1993 година, веднаш и следната сезона 1994 година беше одбранета титулата, по една година пауза Пелистер ја освои титулата во 1996 година, а потоа и во 1998 година.
По две години пауза титулата беше освоена во 2000 година, па следуваше пауза од пет години, кога во 2005 година беше вратена титулата во Битола. Од тогаш, битолчани и верните „чкембари“ на титула чекаа се до 2023 година, а потоа Еурофарм Пелистер направи хет-трик со освојувањето на титулата односно титулата беше освоена минатата 2024 година и сега во 2025 година.
Вардар има најмногу титули вкупно 15 првата освоена во 1999 година, а последната во 2022 година. Екипата на Металург има шест титула, првата од 2006 година, а последната во 2014 година, а по една титула имаат Борец од 1995 година и Преспа од Ресен од 1997 година.
| Место | Клуб | Титули | Сезони |
|---|---|---|---|
| 1. | Вардар | 15 | 1999, 2001, 2002, 2003, 2004, 2007, 2009, 2013, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019, 2021, 2022 |
| 2. | Пелистер | 9 | 1993, 1994, 1996, 1998, 2000, 2005, 2023, 2024, 2025 |
| 3. | Металург | 6 | 2006, 2008, 2010, 2011, 2012, 2014 |
| 4. | Борец | 1 | 1995 |
| 4. | Преспа | 1 | 1997 |
По градови најмногу титули има во Скопје вкупно 21 од кои 15 се на Вардар, а шест за Металург. Битола има девет титули од Суперлигата, а по една титула имаат Велес и Ресен.
| Место | Град | Титули | Екипи |
|---|---|---|---|
| 1. | Скопје | 21 | Вардар (15), Металург (6) |
| 2. | Битола | 9 | Пелистер (9) |
| 3. | Велес | 1 | Борец (1) |
| 3. | Ресен | 1 | Преспа (1) |