Љубителите на мал фудбал повторно ќе имаат можност да уживаат во возбудливи натпревари – започнаа пријавите за традиционалниот меморијален турнир „Благој Истатов 2025“ во Струмица.
Турнирот, кој се игра во чест на големата македонска фудбалска легенда Благој Истатов, ќе стартува на 16 јуни, а покровител е градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов. Вкупниот награден фонд изнесува импресивни 1.000.000 денари.
Натпреварите ќе се играат во формат 5+1 со футсал топка. Котизацијата за сениорските екипи е 10.000 денари, додека за јуниорските екипи (генерации 2011/2012, 2013/2014 и помали) изнесува 4.000 денари.
Наградите за најдобрите се следните:
Прво место – 500.000 денари
Второ место – 250.000 денари
Трето место – 100.000 денари
Четврто место – 50.000 денари
Покрај паричните награди, организаторите обезбедуваат и пехари, медали и спортски реквизити за најдобрите екипи.
Пријавувањето е отворено до 11 јуни, кога ќе се одржи и ждребувањето. За пријава на екипа може да се контактираат организаторите на телефонските броеви:
- 070 996 978 (Ице)
- 077 611 195 (Мите)
Голем интерес веќе се најавува, а организаторите очекуваат уште една спектакуларна спортска приказна во Струмица.