Ракомет

ГРК Охрид им се заблагодари на тренерот Алушовски и играчите кои заминуваат – Андоновски оди во тренерската структура

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид на последниот натпревар од сезоната 2024/25 во македонската Суперлига официјално се збогуваше со неколку ракометари.

На свеченоста пред мечот со Тиквеш, клубот изрази голема благодарност до тренерот Стевче Алушовски и до играчите Бобан Ристевски, Милорад Кукоски, Никола Јукиќ, Живан Пешиќ, Хироки Матсуока, Горан Крстевски и Циао Винициус, кои си заминуваат од тимот по завршувањето на оваа сезона.

Особено емотивен беше моментот посветен на поранешниот капитен и долгогодишен член на клубот, Крсте Андоновски, кој ја завршува својата играчка кариера. Андоновски ќе продолжи да биде дел од ГРК Охрид, но сега во тренерската структура на клубот.

Од клубот информираа дека направиле обид да го задржат и младиот ракометар Петар Николоски, кому му беше дадена шанса оваа сезона да настапува со првиот тим. Сепак, како што посочуваат од Охрид, понудата била одбиена од страна на играчот.

ГРК Охрид на сите играчи кои заминаа им посака многу успех и среќа во понатамошната кариера, и порача дека тие секогаш ќе бидат дел од охридското ракометно семејство.

ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!