Втора лигаФудбал

Неизвесно ќе биде на Автокоманда, Брегалница патува во Богданци, Охрид ќе бара прва победа во Неготино!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Денес се играат натпреварите од 4. коло на Втората македонска фудбалска лига во вонреден термин, коло кое носи неколку неизвесни дуели кои може да направат промени на табелата, но некаде може и да направат промени и во самите клубови.

Четири тренерски промени веќе се случија, тренери се менуваа во Детонит Плачковица, Осогово, Борец и Охрид, но не е исклучена можноста за следна тренерска промена кај неколку екипи во следните кола.

Неколку тренерски се на „тенок мраз“ кој може да пукне во следните кола, а резултатите сами по себе ги откриваат истите.

Башкими како голем фаворит на домашен терен ќе ја пречека струмичка Беласица, натпревар каде Башкими со триумф би можел да го превземе врвот, ако конкурентите направат „киксови“, но и натпревар каде струмичани ќе атакуваат на дури првата сезонска победа по пет одиграни натпревари.

Башкими е фаворит, а Беласица ќе бара изненадување на тешкиот терен во Куманово.

Неизвесен дуел се очекува во Автокоманда каде ќе ги одмерат силите Скопје и Кожуф, во дуел каде трите бодови се цел и на двете страни. „Пиратите“ по поразот во Радовиш ќе бараат враќање на победничките патеки, а домашниот терен е идеална опција за тоа, против екипата на Кожуф која е во врвот од табелата и која во новата сезона атакува на местата за Прва лига.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Каменица Саса никако да победи во новата сезона, таква можност имаше во Гевгелија кога прокоцка два гола предност, имаше ситуација и во Штип, а во Ѓорче извлече бод, додека пак загуби од Детонит Плачковица. „Рударите“ од можни 12 бодови имаат само два бода, а сега на домашен терен гостува Борец, кој тргна очајно во новата сезона, но со новиот тренер конечно запиша победа над Вардарски, па така повраникот во Втората лига ќе бара нов триумф на тешкиот терен во Македонска Каменица.

Новаци на домашен терен ќе го пречека ланскиот прволигаш Македонија ЃП во меч каде „лавовите“ ќе важат за фаворити, а по киксот со Саса ќе сакаат три бодови со цел да бидат во врвот од табелата. Новаци како предност го има домашниот терен и домашната публика и ќе се обиде тоа да го искористи и дома да остане барем бод, ако не три.

Победа на домашен терен ќе го предизвикува Арсими во дуел за трите бодови. Прилепчани лани преку бараж се изборија за опстанок, а сезонава на секој меч ќе ги барат бодови. Арсими игра одлично, тоа го потврди и во Купот, а во првенството сака висок пласман.

Охрид после катастрофалните резултати направи промена на тренерското столче, Никола Илиевски – Џиџи си поднесе оставка и ги спакува куферите од градот покрај Охридското Езеро, сега пред управата на Охрид е предизвик кој да се именува за нов тренер.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Од можни 12 бодови екипата на Охрид има само на еден бод, наместо борба за висок пласман Охрид е „закован“ на дното од табелата и веќе денес во Неготино ќе мора да ги освои трите бодови и да ја запише првата победа.

Вардар Неготино на домашен терен е незгоден противник, поддршката од верните „Винари“ дава силен мотив за позитивен резултат, а тоа ќе понуди и интересен дуел.

Во Кочани ќе се соочат Осогово и Детонит Плачковица, натпревар кој веќе го најави Спортска Мрежа, а овде можете да прочитате повеќе за истиот натпревар.

Брегалница во претходното коло се „сопна“ и мораше да ги подели бодови и да се задоволи само со еден бод во дуелот со Осогово кој заврши без победник 1:1. Ваквиот „кикс“ на Брегалница, но и на Македонија ЃП, најмногу го искористија Кожуф, Арсими и Башкими кои веќе дишат во врат и прават притисок за местата за Прва лига.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Брегалница во Богданци денес нема право на грешка, во секој друг случај може да биде неколку места подолу на табелата, на старт од сезона сме, но тоа ќе има влијае повеќе од јасно.

Вардарски се покажа како тврд орев особено на мечот со Скопје во Автокоманда и во Радовиш против Детонит Плачковица, а тоа е повеќе од јасен знак на претпазливост за „сините“ на Трајче Сенев.

Натпреварите започнуваат денес од 15 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот на Шампион во рамки на 13. коло на Првата ракометна лига,...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го организира ФК Интер Кукла. На 14 декември (недела), клубот ќе биде...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

Втора лигаФудбал

ФОТО НА ДЕНОТ: Охрид е есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига – „рибарите“ ја...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!