Поради влезот на Шкендија Арачиново од Трета лига – Север во Втора лига се отвара простор за уште една екипа да влезе во третолигашкото друштво за следната сезона 2025/2026.
Студеничани директно влезе во Трета лига – Север без да игра бараж, а пак Лопате триумфираше над Бујковци и така стигна до Трета лига – Север, а нов третолигаш е и тимот на Отља откако славеше над Беса од Сарај.
Место има за уште една екипа односно четврта екипа која треба да влезе во Трета лига – Север, а ќе се бара во нов бараж од поразените екипи во претходниот бараж.
Во четврток со почеток од 17:30 часот во Горно Лисиче ќе се соочат Бујковци и Беса од Сарај. Победникот од овој меч ќе биде последниот патник во Трета лига – Север и со тоа ќе ги имаме сите третолигаши кои ќе играат во сезона 2025/2026.