Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Македонија не успеа да ја изненади Швајцарија во вториот меч од Сребрената лига

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Женската сениорска репрезентација на Македонија загуби со 0:3 (7:25, 16:25, 6:25) од фаворитот Швајцарија во вториот натпревар од годинешното издание во ЦЕВ Европската Сребрена лига.

По победничкиот старт во петокот против Луксембург се надеваа девојките на селекторот Стефан Пауновиќ дека ќе можат да најдат начин да го изненадат противникот, но уште од самиот старт го загубија ритамот.

Комплетно ја смени Пауновиќ поставата на Македонија за вториот дуел, но ништо не ни одеше од рака ниту во полето, ниту на мрежата и едноставно не можевме да најдеме решение за како поквалитетно да му се спротивставиме на ривалот.

Швајцарија го презентираше својот квалитет и сила и заслужено дојде до убедлив триумф.

ФОТО: Спортска Мрежа

Ива Стојкоска со седум поени беше најефикасна во нашите редови, додека кај Швајцарија Ајшлер постигна 14, а Матер 11 поени.

Нова шанса за радост во ЦЕВ Европската Сребрена лига Македонија ќе бара следниот викенд кога на Фарски Острови го игра вториот турнир, каде покрај домаќинот за противник ја имаат и Австрија.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер, Кожув, Работнички и Тиквеш Голден Игл со победи ја отворија...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Талевска обезбеди бод за Пелистер во мечот со Скопје, Димитровска со два гола за победа на Саса, Вардар ја „здроби“ Речица

Пелистер „откина“ бодови во дуелот во Пржино со шампионот Скопје, откако двете екипи одиграа 1:1 во меч од 8. коло на Првата женска...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија повторно без гол и без бодови: Шкотска со триумф си замина од Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува без победа и без постигнат гол во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Македонија против Шкотска ќе напаѓа со Миовски и Елмас

Македонија вечерва од 20:45 часот ја пречекува Шкотска на Националната арена „Тодор...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска

Фудбалската федерација на Македонија сподели информација околу билетите, како што велат од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!