Ракометарите на Еурофарм Пелистер изборија пласман во финалето на Купот на Македонија, совладувајќи го домаќинот ГРК Охрид со резултат 27-23 (11-12) во полуфиналниот дуел одигран во салата „Билјанини извори“.
Битолчани имаа сериозни проблеми во првото полувреме и речиси целиот натпревар бркаа резултат, откако охриѓани поведоа и имаа контрола во текот на првите 30 минути. На одмор се замина со предност за Охрид (12-11), но во вториот дел искуството и поширокиот ростер на Пелистер го направија своето.

Во клучните моменти од мечот, Пелистер ја презеде иницијативата и со серија на голови ја скрши одбраната на домаќинот. На крајот, битолчани обезбеди финале и нова шанса за трофеј во македонскиот Куп.

Филип Кузмановски беше најефикасен кај победникот со 7 погодоци, исто толку колку што постигна и Гоце Ојлески за охриѓани.