Ракомет

ФОТО: Пеналите кобни за Алкалоид – Вардар е во големото финале на Ф4 Купот во Охрид!

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа
Сподели

Вардар е во големото финале од Ф4 Купот на Македонија откако преку пенали триумфираше над Алкалоид откако во регуларниот дел резултатот беше 28:28, а во пенал-серијата екипата на Вардар беше подобра со 4:3.

Голема борба на теренот и драма во првото полуфинале, со среќен крај за Вардар, а тоа ќе значи дека ќе има нов освојувач во Купот на Македонија, откако бранителот на Куп титулата преку пенали беше елеминиран.

Голема борба, игра гол за гол, неизвеност, вистинска драма и возбуда.

ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа

Најефикасен играч на натпреварот беше Мартин Серафимов со осум гола, кај Вардар се истакна Вуко Борозан со седум гола. Голманот на Алкалоид, Иван Галевски беше на вистината на задача и беше феноменален на голот, но сепак, пеналите беа кобни за тимот од Автокоманда.

ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа

Второто полуфинале запчнува во 19:30 часот ќе се соочат домаќинот Охрид и Еурофарм Пелистер, а подобриот од овој дуел оди на мегдан со Вардар во финалето кое се игра во „Билјанини Извори“.

ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!