Ракомет

Ѓорче Петров го декласираше Чаир и дојде до 18. титула во Купот на Македонија

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Ѓорче Петров ја освои 18-тата титула во Купот на Македонија во женска конкуренција откако во финалето триумфираше над Чаир со резултат од 36:19.

„Лавиците“ во целост го надиграа Чаир и во своите витрини ја додаваат 18-тата титула, која е втора во низа, откако Ѓорче Петров и минатата година ја освои Куп титулата. За „лавиците“ ова е успешна сезона крунисана со двојна титула.

Чаир по одличното второполувреме во полуфиналето против Металург Автокоманда стигна до големото финале каде ќе бореше за првата Куп титула во клупската историја, но сепак „лавиците“ беа тие кои се закитија со златото и сезоната ја завршуваат со двојна круна.

Првиот гол во финалето го постигна екипата на Ѓорче Петров во третата минута од натпреварот, a брзо потоа беа постигнати неколку погодоци за во седма минута резултатот да биде 4:3 за „лавиците“. Брзо потоа Чаир дојде до 4:4, но Ѓорче Петров направија серија од два погодоци за ново водство 6:4.

ФОТО: Спортска Мрежа

До крајот на мечот „лавиците“ ја билдаа разликата која на полувреме изнесуваше 15:9, разлика која беше тешка Чаир да ја надополни во вториот дел, па тука беше решен и мечот.

Во вториот дел „лавиците“ ја одржуваа високата предност и воопшто не му дозволија на противникот да дојде можност да го загроши резултатот, со што тимот на Ѓорче Петров продолжи да ја полни мрежата на противникот се до конечни 36:19 и со тоа дојде до 18-тата титула во Купот на Македонија во женска конкуренција.

За МВП на Ф4 турнирот во Радовиш беше прогласена Ана Враниќ од Ѓорче Петров, за најдобра голманка Катарина Митровиќ од Чаир, а за најдобар стрелец Ивана Дезиќ од Ѓорче Петров.

Радовиш беше домаќин на Ф4 Купот на Македонија во женска конкуренција, а во СРЦ „25 Мај“ годинава се играше и Купот во одбојка во машка и женска конкуренција, футсал Купот на Македонија, а сега и женскиот Ф4 турнир во ракомет. Радовишани имаа можност годинава да проследат квалитетни натпревари од повеќе спортови, откако СРЦ „25 Мај“ беше реновирана.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!