Второлигашот Охрид ќе добие нов тренер откако Никола Илиевски – Џиџи си поднесе оставка, причината е повеќе од јасна, слаби резултати на охридскиот второлигаш, од можни 12 бодови, Охрид има само еден и се наоѓа „закован“ на дното од табелата.
Охрид тргна со пораз од Македонија ЃП со 2:0, потоа дома се случи кастрофа и пораз од Арсими со 2:4, па следуваше реми со Беласица под рефлектори во Струмица со исход 1:1, потоа дебакл и во Купот на Македонија со 1:5 од прволигашот Беса, па следуваше пораз од Башкими со минимални 0:1.
И во анализите на Спортска Мрежа постојано пишувавме и зборувавме дека ваквите резултати не се својствени за Охрид, кој има екипа и цели за висок пласман на табелата, а во случајот Охрид е на дно од табелата.
Во текот на вчерашниот ден направивме детална анализа на резултатите на Охрид, и кажавме дека доколку Охрид не го добие Башкими ќе се вклучи црвениот аларм и ќе има промени и тоа и се случи, Џиџи поднесе оставка, која веднаш беше прифатена од страна на управата на Охрид.
Во текот на следните денови ќе биде познат новиот тренер на Охрид, а в среда Охрид ќе гостува во Неготино кај Вардар.