Втора лигаФудбал

Емотивно заминување на Андреј Симевски, Саса остана без најдобриот стрелец!

Сподели
Сподели

Најдобриот стрелец на второлигашот Каменица Саса, Андреј Симевски, кариерата ќе ја продолжи во нова средина, откако постигна 15 погодоци во сезоната 2024/2025 и имаше клучна улога во успешниот настап на клубот од Македонска Каменица.

28-годишниот фудбалер од Пехчево одигра блескава сезона во дресот на „рударите“, а по завршувањето на натпреварувачката година, реши да се раздели со клубот. Симевски се прости од своите соиграчи и навивачите со емотивно обраќање:

„Најпрво сакам да ги поздравам сите оние што не веруваа во нашата екипа, особено во мене. Прекрасни дечки, различни карактери, но пред сè – борци. Како што заврши сезоната, постигнавме феноменален успех во кој 99% од луѓето не веруваа. И покрај многуте препреки, ние како тим и колектив докажавме – и на Каменичани, и на цела македонска јавност – дека можеме. Дечки, другари, колеги – секој еден од вас, ви благодарам од срце. Јас тука ставам крај, а вам ви посакувам сè најдобро и уште многу успеси во иднина“, изјави Симевски.

Каменица Саса одигра извонредна сезона во Втората лига, а Симевски беше вистински снајперист за клубот, со важни голови кои често ја носеа победата.

Неговото заминување ќе остави празнина, но и мотив за останатите играчи да продолжат во победнички ритам.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!