Вечерва со последните два натпревари се комплетираше осминафиналето на турнирот во мал фудбал „Враништа 2025“, со што ќе продолжат возбудувањата од четвртфиналето.
Во првиот меч вечерва екипата на АСП Пак како апсолутен фаворит со убедлив 7:0 го декласираше тимот на ММ Транс, лото победа за пресилниот тим на АПС Пак која значи четвртфинале.
Сатеска со 5:3 славеше над Чардак Велгошти и со тоа обезбеди следна фаза од турнирот во мал фудбал „Враништа 2025“.

Утре е слободен ден на турнирот, а од четврток продолжуваат фудбалските возбудувања со натпреварите од четвртфиналето.
Во четврток од 20:30 часот Кафе Бар 9 ќе игра со Студио 13, во вториот меч Станица и Виска Пром против Инекс Олгица.

Во петок од 20:30 часот АСП Пак против Аце Најдески, во вториот натпревар Сатеска против Бел Мерцедес.
Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.