Турнири

Започнаа пријавите за меморијалниот турнир „Благој Истатов 2025“ во Струмица – награден фонд од еден милион денари!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Започнаа пријавувањата за меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов 2025“ кој се одржува во Струмица.

Покровител на турнирот е градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, а вкупниот награден фонд е еден милион денари.

Турнирот се игра во формат 5+1 со футсал топка, котизацијата за учество кај сениорите е 10.000 денари, а кај јуниорите 4.000 денари. Јуниорските екипи ќе играат во генерации 2011/2012, 2013/2014 и помали.

За првопласираната екипа предвидена е парична награда во висина од 500.000 денари, за второпласираната 250.000 денари, за третото место 100.000 денари, а пак за четвртопласираната екипа парична награда од 50.000 денари. Предвидени се пехари, медали и спортски реквизити.

Пријавувањето за учество е отворено до 11 јуни, кога ќе се изврши и ждребувањето на екипите. Екипа можете да пријавите на 070 996 978 кај Ице и на 077 611 195 кај Мите.

Меморијалниот турнир „Благој Истатов 2025“ во Струмица ќе започне на 16. јуни.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!